20 февруари 2025
• од Вардарски
Унгарската компанија „Визер“ од 9-ти март ја укинува линијата од Скопје за Будимпешта. Компанијата не соопшти зошто ја укинува оваа линија, не е познато ни дали ќе биде вратена со зимскиот ред на летање.
Ова е седма укината линија во последната година, по Салцбург, Бремен, Келн, Копенхаген, Стокхолм-Скавста и Луксембург.
Во 2023-тагодина, „Визер“ доби субвенции за летови до Љубљана, Салцбург, Луксембург и Штутгарт, но само линијата Скопје – Љубљана остана активна. На новиот владин оглас за субвенции, компанијата доби поддршка за Лион, Барселона и Штутгарт, со обврска да ги одржува три години.
Новата владина политика субвенционира дестинации наместо авиокомпании, за да се намали зависноста од „Визер“, кој држи 50 – 60% од македонскиот авиосообраќај. Компанијата има четири „А320“ авиони во Скопје, еден помалку од претходно, што укажува на постепено намалување на капацитетот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

