TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Влада: Мицкоски - Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите - 31 ДЕКЕМВРИ 2025

01 јануари 2025

• од Филип Поповски

Почитувани сограѓани, драги пријатели, Измина уште една година зад нас.  2024 беше година на тешки и сериозни околности не само кај нас, туку и во целиот свет. Војните во повеќе региони, трагедијата на жртвите и ранетите, економското влијание од сето тоа, но и даноците и ефектите од постапките на неодговорните политичари кај нас, ги живеевме и сè уште живееме сите.  2024 беше година кога граѓаните избираа каква иднина сакаат и одбраа одлучни и убедени како никогаш до сега, Македонија да биде повторно нивна. Таа победа не беше само број, тоа беше јасен мандат од народот за нов пат и нова визија. Ве уверувам ние ја почитуваме и ја чуваме таа доверба и секој ден работиме напорно за да ги исполнуваме ветувањата кои ги дадовме и ние таа заклетва и одговорност не ја забораваме.  Како Влада наследивме држава која тонеше во криминал и нефункционалност, која се соочуваше со сериозни проблеми, а турбуленциите и економско-социјалните и институционалните предизвици однесоа многу време и енергија.  Можеби работите за некого не одеа со посакуваната брзина, но ве уверувам дека ова е единствениот пат и дека се е работа на добро осмислен план, според кој свесни за вашите очекувања ќе ги реализираме ветувањата и ќе го направиме тоа што го очекувате од нас, тоа за кое не одбравте. Чекор по чекор се изодува патот од илјада милји, и верувајте нема покус пат, туку има само исправен пат и соодветни чекори. А ова што ние го правиме е токму такво чекорење по патот до заедничката цел.  Во овие 6 месеци направивме низа на чекори кои требаше да ја стабилизираат економијата, и кои доведоа до посакуваниот раст од 3 проценти кој претходно дури и во проекциите за Светската банка беше недостижен. Следната година планираме уште поголем раст, очекуваме сериозен исчекор во овој дел и нови убави вести, ефекти кои ќе ги почувствуваат сите граѓани. Ги зголемивме пензиите, линеарно за две и половина илјади денари, а од март следната година следува ново покачување од две и половина илјади денари. Постигнавме зголемување на платите во образованието за минимум 46% во следните 4 години, додека тие во здравството тие веќе пораснаа за 10 проценти, а во следните години, во следните четири години ќе пораснат за 40 до 50%. Вработуваме 300 млади доктори и специјализанти. Се отпочна со мега проект за реализација на капитални проекти за општините од 250 милиони евра, во нови градинки, училишта, спортски сали, водови. Обезбедивме 250 милиони евра за развој на стопанството под супер евтина камата од 1.95%, имаме историски највисока поддршка и откупна цена за лозарите, тутунарите, оризопроизводителите и останатите земјоделци.  Постигнавме рекорд за привлекување на странски инвестиции над 1 милијарда евра и обезбедивме или забрзавме 8 нови странски инвестиции за нови 2.800 вработувања и многу, многу други проекти. Отворивме и фронт за борба против криминалот и корупцијата. Со докази, чекор по чекор, но одлучно. Имаме уште многу работа. Со уште поголемо темпо и уште поодлучна акција. 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите.  Ќе бидеме фокусирани на повеќе области, но приоритетно на 3 теми. 1.Економски и социјален раст и развој и повисок стандард. Повеќе пари за сите. 2.Создавање на ред и систем, јакнење на институциите и борба против корупција, решавајќи ги притоа во од заостанатите и преостанатите дефекти на корупција во системот на сите нивоа како и нивните поддржувачи и соработници.  3.Интеграција во ЕУ и спроведување на реформи за членство во ЕУ, дури и ако опстојат предизвиците за почеток на преговорите, кои чекор по чекор ќе се трудам да ги надминуваме. На трите теми ќе правиме максимум со добро осмислен план и тајминг на активности. Во 2025 година ќе се пушти во употреба експресниот пат Куманово-Крива Паланка, како и Градско-Прилеп. Ќе биде готова првата фаза од пругата кон Бугарија, додека интензивно и без застој ќе се градат автопатите Гостивар – Букојчани, Прилеп-Битола и Кичево-Охрид. Ќе почнеме со градба на автопат Тетово-Гостивар. Ќе растат платите во повеќе области, како и пензиите. Ќе обезбедиме ваучери од 250 евра за електронски уреди за сите студенти како и евтини кредити за млади до 30 илјади евра. Ќе има проекти и мерки за сите граѓани, Македонци, Албанците, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати. Ќе работиме за сите посветено и одговорно, за ваш подобар и поквалитетен живот.  2025 година ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа! Ќе работиме напорно и посветено во 2025 година, за да успееме да ја изградиме Македонија каква што сите вие граѓаните ја посакувате и каква што сите ние заедно ја заслужуваме. Македонија, која ќе биде повторно ваша!  Среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, среќа и многу љубов! Бог да ја благослови Македонија и нејзините граѓани.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
13 декември 2025

ЕК: Решенијата за приемот на Бугарија во еврозоната се донесени и остануваат на сила

МАКЕДОНИЈА
13 декември 2025

Добре Митрев од Кавадарци: Бугарите од Македонија бараат поголема поддршка од Бугарија

СВЕТ
13 декември 2025

Бугарски бизнис совет во Дубаи дава силен поттик на трговските односи меѓу Бугарија и емиратот

МАКЕДОНИЈА
13 декември 2025

Во државна Лотарија повеќе од 70 вработени земале плата без да одат на работа

МАКЕДОНИЈА
13 декември 2025

Адвокатот Шехтански отвора дилема: Кочани – дали пожарот во „Пулс“ бил обид за терористички акт?

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
13 декември 2025

Директори на болници ќе враќаат пари: незаконски зголемени плати и фиктивни дежурства откриени од ФЗОМ

МАКЕДОНИЈА
13 декември 2025

„Безбеден град“: МВР најавува мобилна апликација за проверка и ажурирање на податоците на граѓаните

МАКЕДОНИЈА
13 декември 2025

Индустриски робот усмрти работник во фабрика во Ѓорче Петров

МАКЕДОНИЈА
13 декември 2025

Филипче: Резолуцијата против мигрантските договори е договор со народот

МАКЕДОНИЈА
13 декември 2025

Курти: Ги обединивме Албанците во Македонија, ВЛЕН е токму такво обединување

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
13 декември 2025

СДСМ со нови обвинувања: „Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски“

ДРУГО
13 декември 2025

Денес се празнува Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него

СВЕТ
12 декември 2025

Мерц: САД сè уште тешко прифаќаат дека ЕУ е силен сојуз

СВЕТ
12 декември 2025

Бугарија со растечко производство на говедско месо

СВЕТ
12 декември 2025

Белата куќа призна: Трамп е силно разочаран и од Украина и од Русија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
12 декември 2025

Бугарија во светскиот Топ 10 по брзина на мобилен интернет, покажува nPerf

МАКЕДОНИЈА
12 декември 2025

„Мерцедес“ прегази 34-годишен пешак во Скопје, возачот побегнал

МАКЕДОНИЈА
12 декември 2025

Филипче: Мицкоски подготвува избори за да го протне проектот „Мигранти за пари“

СВЕТ
12 декември 2025

Курти: Косово ги прифаќа мигрантите депортирани од САД

МАКЕДОНИЈА
12 декември 2025

Студенти од Универзитетот „Мајка Тереза“ повикуваат на масовна поддршка за протестот за УЧК во Скопје

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
12 декември 2025

Отворен 14-тиот железнички тунел на делницата Бељаковце – Крива Паланка

МАКЕДОНИЈА
12 декември 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја предаде Македонија за мигрантски пари

МАКЕДОНИЈА
12 декември 2025

Правна држава: „Зимзоленд“ ќе продолжи со работа и покрај тврдењата дека нема дозволи

МАКЕДОНИЈА
12 декември 2025

ДУИ остро го осуди нападот врз редакцијата на „Инфомакс“

МАКЕДОНИЈА
12 декември 2025

ВЛЕН: Исправени неточностите за Косово во учебниците

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
12 декември 2025

Љубчо Георгиевски: Лога зборува за човекови права, а ги забрани бугарските здруженија

МАКЕДОНИЈА
12 декември 2025

Филипче: Тепачи и напади врз медиумите – Македонија е под закана од режим, мора да ја одбраниме

МАКЕДОНИЈА
12 декември 2025

Владо Перев: Албанците и Турците не гледаат проблем Бугарите да бидат дел од Уставот

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега