31 март 2025
• од Вардарски
Во време на тага и голема несреќа, Македонија и Бугарија покажаа што значи вистинска солидарност и човечност. Трагичниот настан што се случи во Кочани, иако донесе голема болка, успеа да ги приближи луѓето од двете страни на границата, оставајќи ги омразата и предрасудите зад себе.
„Оваа трагедија не обедини. Никој повеќе не говори со омраза кон Бугарија. Сите ги почитуваме гестовите кои таа ги направи за нас“, изјави општественикот Влатко Начевски од Скопје.
Граѓаните од Македонија со восхит забележуваат како бугарската јавност, дури и преку спортски настани, ја покажува својата поддршка. „Гледаме спортски натпревари каде што луѓето од Бугарија ја поддржуваат Македонија, и тоа е со голема почит. Многу сме благодарни за тоа“, вели Начевски.
Посебна благодарност е искажана за донациите кои бугарски пратеници лично ги доставија во Кочани. „Тоа треба да биде пример за нашите македонски пратеници, кои и покрај платите од три илјади евра, не дадоа ниту едно евро за настраданите“, додава тој.
Начевски потенцира дека Македонија има многу што да научи од источниот сосед, не само во однос на солидарноста, туку и на инфраструктурата и европските вредности. „Иднината ја гледаме во Европската Унија и очекуваме поддршка од Бугарија. Сега сме во многу сериозна состојба – инфраструктурно сме застанати. Немаме ни трамвај, ни метро“, истакнува тој, објаснувајќи дека поради слабиот јавен транспорт, за два километра пат до работа патува 40 минути.
„Далеку сме од Европа, но треба да се приближуваме и да се стремиме кон неа“, завршува Начевски, апелирајќи за поцврста соработка, заемна поддршка и визија за заедничка европска иднина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

