25 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Политичката партија „ВРЕДИ“ со остри критики се обрати кон Бујар Османи, посочувајќи дека неговите ветувања за изградба на автопатот Скопје – Блаце останале празни зборови. Тие потсетуваат дека изминале повеќе од пет години, седум месеци и осум дена од свеченото потпишување на договорот за изградба на „првите 2 километри“ од автопатот, но конкретни резултати нема.
Од „ВРЕДИ“ велат дека целата работа на Османи се сведува на медиумски настапи, фотографии и промотивни видеа, без вистинска реализација:
„ФБ сесии, фотографи, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија пустош“, стои во соопштението.
Во својата реакција, „ВРЕДИ“ го потсетува јавноста дека Бујар Османи бил на високи државни позиции повеќе од една деценија – како министер во владата на Груевски, вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи во владите на Заев и Ковачевски. Според нив, за целиот овој период тој не успеал да покаже резултати ниту за проектот Скопје – Блаце, ниту за албанските општини за кои најмногу ветувал.
„Имаше Фејсбук сесии, снимени видеа и лажни ветувања, а резултати нула“, велат од партијата.
Од „ВРЕДИ“ додаваат дека е крајно време да престане практиката на промотивни настани и празни ветувања, нагласувајќи дека Османи не оставил зад себе ниту еден реализиран проект:
„Нема изградено ништо, нема помогнато никому. Бујар Османи е политичар кариерист, без резултати“, истакнуваат.
Партијата дополнува дека и најновите ветувања на Османи за Чаир се идентични со оние за автопатот кон Блаце – празни и без покритие.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

