20 февруари 2025
• од Вардарски
Со голема радост и во пријателска атмосфера, бугарското здружение „Балкански Мост“ на 19 февруари 2025 година официјално ја отвори својата клуб-канцеларија. Настанот беше проследен со присуство на членови, пријатели и поддржувачи, како и високи претставници од Амбасадата и Генералниот конзулат на Република Бугарија.
Свеченоста ја отвори претседателот на здружението, Љупчо Јошевски, кој во својот говор ја нагласи важноста на меѓусебното разбирање, почитувањето и отстранувањето на предрасудите. „Треба да учиме повеќе едни за други, да ја согледаме вистината – само така ќе напредуваме и ќе бидеме дел од европското семејство“, порача Јошевски.
На присутните им се обратија и амбасадорот на Република Бугарија, Н.Пр. Желјазко Радуков, како и генералниот конзул Николај Димитров, кои ја истакнаа поддршката за активностите на здружението и важноста на културниот дијалог и соработка меѓу народите.
Настанот заврши со инспиративна поетска изведба на Филип Јовановски, кој со своите стихови внесе емоција и размислување кај присутните.
Со отворањето на оваа канцеларија, бугарското здружение „Балкански Мост“ продолжува со својата мисија – градење мостови на пријателство, културна соработка и заеднички вредности.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

