16 август 2026
• од Темелко Тошев
Дали во Македонија правдата е побрза и построга за обичните граѓани отколку за оние кои проневеруваат милиони? Ова прашање повторно се наметнува откако еден договор за продажба на сливи заврши со кривична пријава, неколку години по самиот настан.
Според информациите од полицијата, во јули 2021 година, 48-годишен маж од Штип зел над два и пол тона (2.580 кг) сливи од едно лице, но никогаш не ја исплатил сумата за нив. Поради неплаќањето, тој се сомничи дека предизвикал штета од 50.000 денари, прибавувајќи си противправна имотна корист.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.Т. (48) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во јули 2021 година, пријавениот измамил едно лице од кое набавил 2.580 килограми сливи, кои до моментот на пријавувањето не ги платил. На овој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од околу 50.000 денари“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Овој случај предизвика иронични коментари во јавноста – додека за обична измама од нецели илјада евра граѓаните се соочуваат со кривичен прогон и можен затвор, големите финансиски криминали и „украдените милиони“ најчесто поминуваат безбедно и неказнето.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

