27 мај 2025
• од Вардарски
На регионалниот пат Велес – Извор, во близина на поранешната фабрика „Порцеланка“, вчера околу 09:34 часот се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило и воз.
Според информациите од СВР Велес, до несреќата дошло кога патнички автомобил марка „Мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот Ѓ.О. од Чашка, се судрил со патнички воз сопственост на Македонски железници. Возот бил управуван од 39-годишниот машиновозач К.З. од Скопје.
Иако ситуацијата изгледала сериозно, среќна околност е што во инцидентот нема повредени лица. Надлежните извршиле увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на причините за несреќата.
Железничкиот премин каде што се случила несреќата е од непосебен безбедносен интерес, па оваа случка повторно го отвора прашањето за потребата од зголемена безбедност и предупредувачка сигнализација на ваквите премини.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

