12 февруари 2025
• од Вардарски
Во рамки на дополнително преземени оперативно тактички мерки и активности, а врз основа на увид и анализа на материјалните докази, обезбедени при реализација на криминалистичка истрага на 18 и 19.01.2025 година, за сузбивање на организирана криминална група инволвирана во набавка и улична продажба на наркотични дроги, на 10.02.2025 беа пронајдени и обезбедени нови материјални докази, соопштија од МВР.
На две локации во Скопје, при претрес на возило, дом и други простории пронајдени и одземени се околу четири килограми наркотична дрога кокаин.
Истрагата и понатаму продолжува во координација со надлежниот јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите нови информации поврзани со случајот, се наведува во соопштението.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

