24 април 2025
• од Вардарски
Базенот во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје е привремено затворен откако од таванот паднала лајсна, пренесува „САКАМДАКАЖАМ“. Среќна околност е што во моментот на инцидентот немало посетители, па не е повреден никој.
Според директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Даниел Апостоловски, причината за проблемот лежи во тоа што при реконструкцијата на базенот во 2010 година не била извршена целосна санација согласно предвидениот проект. Апостоловски вели дека веднаш по инцидентот биле повикани експерти од Градежниот факултет, кои направиле увид во состојбата на објектот.
„Утврдено е дека челичната носечка конструкција е во добра состојба, но поради нецелосната реконструкција се појавуваат вакви ситуации. Во наредниот месец и пол ќе се работи на санација на долниот внатрешен дел од базенот и ќе се постави заштитна мрежа. Тоа ќе овозможи базенот да продолжи со работа во текот на летото“, изјави Апостоловски.
Во овој период базенот нема да биде достапен ниту за рекреативци, ниту за пливачките клубови. Како што најави директорот, по летната сезона, пред крајот на годината, ќе се започне со целосна реконструкција на базенот, поради што ќе биде затворен подолг временски период.
Останува да се следи како ќе се одвиваат работите во наредниот период и дали базенот ќе биде навремено подготвен за летната сезона.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

