04 март 2026
• од Гоце Кически
Командантот на Централната команда на САД, адмирал Брaд Купер, објави нови информации за воената операција на САД и Израел против Иран.
Според него, во операцијата учествуваат повеќе од 50.000 војници. Во мисијата се вклучени околу 200 борбени авиони, два носачи на авиони и стратешки бомбардери.
До сега биле погодени повеќе од 2.000 цели во Иран со над 2.000 различни видови муниција. Нападите биле изведени заеднички од американските и израелските сили.
Во нападите биле уништени стотици ирански балистички ракети и беспилотни летала. Бомбардерите Б-1 и Б-2 извеле повеќе прецизни напади длабоко во иранска територија без сериозен отпор. Бомбардерите Б-52 нападнале командни центри и позиции од каде се лансираат балистички ракети.
Американските сили соопштија дека се потопени 17 ирански воени бродови, меѓу кои и една од најмодерните ирански подморници. Војската и понатаму ги следи и се обидува да ги уништи мобилните лансери за балистички ракети.
Во операцијата биле испукани и крстосувачки ракети од воени бродови.
Од друга страна, Иран возвратил со повеќе од 500 балистички ракети и над 2.000 беспилотни летала. Според американските информации, дел од нападите биле насочени кон цивилна инфраструктура.
Операцијата се одвива на повеќе нивоа. Морнарицата на САД користи два ударни носачки состави кои делуваат од морето и учествуваат во нападите врз цели во Иран.
Во воздухот, американските сили изведуваат голем број напади заедно со израелските воздухопловни сили.
Копнените сили на САД користат и нови ракети со голем дострел. Во рамки на оперативната група биле употребени и беспилотни нападни летала со пониска цена кои се користат за еднонасочни напади врз цели во Иран.
СДСМ со критики до Владата за руските и кинеските влијанија по говорот на Руте
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

