27 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Меланија и Доналд Трамп на 29 октомври ќе ги пречекаат децата и семејствата на настанот по повод Ноќта на вештерките во Белата куќа. Настанот ќе се одржи на јужниот тревник, од 15:30 до 19 часот, по локално време, соопшти Белата куќа.
Посетителите ќе можат да поминат низ штандови за делење слатки и да ги видат празничните украси. Претседателот и првата дама ќе делат пригодни слатки во дел од програмата, а музичари од американските воздухопловни сили ќе изведуваат песни.
Настанот е отворен за посетители со билети, меѓу кои семејства на воени лица, полицајци, згрижувачки и посвоителски семејства, како и семејства на службеници од администрацијата. Организаторите наведуваат дека настанот нема да биде презакажан ако биде откажан поради лошо време или друга причина.
Шекеринска повика сојузниците да ја засилат противвоздушната поддршка за Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

