26 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Европската комисија го одобри планот на Тему за отстранување на пропустите во контролата на производите што се продаваат преку платформата. Компанијата ќе мора да ги проценува ризиците и да ги засили мерките против продажба на нелегални стоки.
Според Еуроњуз, Тему најавила и проверка на тоа како нејзиниот систем за препораки може да придонесе за ширење понуди за нелегални производи. Европската комисија соопшти дека платформата ќе треба редовно да ја следи ефикасноста на мерките и да ги засили кога е потребно.
Во мај ЕУ ја казни компанијата со 200 милиони евра. Истрагата утврди дека платформата не ги проценила и не ги решавала соодветно ризиците од продажба на нелегални и небезбедни производи, меѓу кои опасни играчки за бебиња и неисправни полначи.
Тему го поздрави одобрувањето на планот и соопшти дека ќе инвестира во системи за усогласување со правилата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

