26 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Уставните измени и документите потребни за отворање на првиот кластер од преговорите со Европската Унија треба да се подготвуваат како целина, за преговорите да почнат веднаш или речиси веднаш по усвојувањето на измените, изјави францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер.
Тој рече дека потребата од предвидливост во процесот е оправдана, но дека не може да има апсолутни гаранции. На крајот, пристапниот договор треба да биде ратификуван од сите земји членки на ЕУ.
Амбасадорот оцени дека обновувањето на довербата меѓу Скопје и Софија е важно за европската перспектива на Северна Македонија. Франција и другите европски партнери се подготвени да помогнат во олеснувањето на дијалогот, доколку таквиот ангажман биде прифатен од двете страни.
Тој порача дека нема причина македонскиот јазик да не биде работен јазик на Унијата откако земјата ќе стане членка. Како клучни за напредокот ги посочи и владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

