24 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Деветнаесетгодишен македонски државјанин останува во притвор во Бугарија, откако на граничниот премин „Капитан Андреево“ кај него биле пронајдени 685 фалсификувани банкноти од 100 и 200 евра, со вкупна номинална вредност од 98.500 евра. Судот во Хасково го прифатил барањето на обвинителството, оценувајќи дека постојат сомнение за кривично дело и опасност од бегство.
Според Скопје1, младиот човек бил приведен на 19 октомври. Кај него биле откриени 300 банкноти од 200 евра и 385 од 100 евра. Обвинителството тврди дека банкнотите биле скриени во поставата на јакна, откако осомничениот накратко влегол во Турција.
Осомничениот пред истражителите рекол дека не знаел дека парите се фалсификувани. Според обвинителството, во неговиот телефон биле пронајдени фотографии од слични банкноти, направени претходно во текот на годината. Адвокатот побарал да биде пуштен со парична гаранција, но судот го одбил барањето.
Одлуката не е правосилна и може да се обжали пред Апелацискиот суд во Пловдив. Ако биде осуден, му се заканува затворска казна од две до осум години.
СДСМ предупредува на нови поскапувања на струјата и парното од Нова година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

