24 октомври 2026
• од Никола Трајковски
Мрежата „Сојуз на православни новинари“ (СПЖ) ја користи својата српска редакција и социјалните мрежи за да објавува содржини поврзани со Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), се наведува во анализата на „Вистиномер“. Авторката тврди дека дел од објавите ги претставуваат црковните прашања низ проруски геополитички наративи.
Според анализата, мрежата нема посебен портал на македонски јазик, но на српскиот сајт објавува материјали означени како вести за Северна Македонија. Во нив се следат изјави на македонски архијереи, кои потоа се преведуваат и објавуваат со наслови што, според авторката, понекогаш го менуваат или поедноставуваат нивниот контекст.
Како пример се наведува известување за разговорите на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија околу конечниот томос за автокефалност. Анализата посочува дека предлогот за литургиски контакти со Православната црква на Украина бил претставен како барање или притисок, што може да создаде впечаток на конфликт меѓу македонската црква и патријархот Вартоломеј.
„Вистиномер“ оценува дека ваквото известување може да поттикне недоверба кон Вселенската патријаршија и да ги претвори црковните теми во дел од пошироки политички расправи. Во текстот се наведува и дека СПЖ пренесувала изјави на македонски свештеници за домашни општествени прашања, прикажувајќи ги како дел од поширок судир меѓу конзервативните православни кругови и западните политики.
СДСМ предупредува на нови поскапувања на струјата и парното од Нова година
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

