26 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Листата на Александар Вучиќ освои 994 гласа на двете избирачки места во Северна Македонија, наспроти 185 за Студентската листа. Резултатот е спротивен од националниот исход во Србија, каде што студентската листа освоила најмногу гласови според прелиминарните податоци.
Според резултатите што ги објави министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, во Скопје листата на Вучиќ добила 507 гласа, а студентите 150. Во Куманово освоиле 487, односно 35 гласа.
Во Северна Македонија на пописот во 2021 година биле евидентирани 23.847 етнички Срби.
Одделно, истражување на БИРН објавено пред изборите наведе дека српската држава од 2023 година доделила најмалку 111.700 евра на три здруженија во Северна Македонија чии претставници јавно ја поддржувале Српската напредна странка и Вучиќ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

