04 ноември 2026
• од Елена Иванова
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ го додели Орденот на принцезата Олга од прв степен на првата дама на САД, Меланија Трамп, за нејзиниот придонес во хуманитарната поддршка за Украина. Одлуката, според Укринформ, е објавена на веб-страницата на украинското претседателство.
Во образложението се наведуваат нејзините хуманитарни и добротворни активности, вклучително и помошта за украински деца и граѓани погодени од руската агресија, како и за лица незаконски однесени од окупираните територии.
Златно срце му е доделено и на Марк Бекман, советник на Меланија Трамп, за придонесот во хуманитарната помош и спасувањето цивили. Според украинската агенција, Бекман ја координирал операцијата за евакуација на цивили од Олешки, во Херсонската област.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

