08 јуни 2025
• од Тодор Вангелов
Поради предупредувањето од Управата за хидрометеоролошки работи за високите температури и претстојните празници, Институтот за јавно здравје објави препораки за заштита од топлотниот стрес.
Кога температурата на воздухот ќе ја надмине телесната температура од околу 36,7°С, телото има потешкотии со ладењето, што може да предизвика симптоми како вртоглавица, гадење и сувост во устата. Во посериозни случаи, ова може да резултира со сончаница, па дури и со фатален исход.
Особено ранливи се повозрасните лица, децата, бремените жени и оние со хронични заболувања како срцеви и бубрежни болести.
За превенција, Институтот препорачува избегнување на директна изложеност на сонце од 11 до 17 часот, носење лесна и светла облека, престој во климатизирани простории и зголемен внес на течности, особено вода. Потребно е да се избегнува алкохол и кофеин.
Во случај на симптоми како грчеви или зашеметеност, важно е лицето веднаш да се премести во ладно место, да се рехидрира и да се побара медицинска помош ако состојбата не се подобрува.
Институтот за јавно здравје нагласува дека почитувањето на овие препораки е од клучно значење за заштита на здравјето на граѓаните, особено на ранливите групи.