01 јуни 2025
• од Тодор Вангелов
Масивно кално свлечиште, предизвикано од колапсот на ледникот Бурч, го израмни со земја поголемиот дел од селото Блатен. И покрај навремената евакуација на 300 жители, едно лице се води како исчезнато, а неколку куќи се целосно уништени.
Ледникот бил оценет како нестабилен и жителите биле итно евакуирани. Срушувањето се случило на 28 мај 2025 година. Огромни количества кал, карпи и леднички материјал ја покрија долината, предизвикувајќи големи разурнувања.
Губењето на пермафростот и забрзаното топење на ледниците го прават Алпскиот регион сè поранлив за вакви катастрофални настани. Оваа дестабилизација го зголемува ризикот од свлечишта и поплави во планинските подрачја. Со продолжување на зголемувањето на температурите, се очекува дека ледниците во Швајцарија – и пошироко – би можеле да исчезнат во наредните неколку децении.
Сателитска снимка направена од американски сателит и обработена од научниот тим на Meteo Balkans ја прикажува големината на уништувањето: над 1600 акри кал и карпи го покриваат регионот.