01 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Денес, православните верници го чествуваат споменот на Преподобен Прохор Пчински – голем подвижник и чудотворец од 9 век. Роден во време исполнето со духовни искушенија, свети Прохор својот живот го посветил на молитва, пост и смирение.
Бидејќи со искрена вера се молел Бог да му покаже место каде што ќе го посвети својот живот во подвиг, Господ му открил свето место на брегот на реката Пчиња. Токму таму, во тишината на природата и во близина на Божјото создание, преподобниот Прохор се подвизувал до длабока старост.
За неговиот живот не се знаат сите детали — само Едниот Бог ја знае тежината на неговите подвизи и искушенија. Но неговите свети мошти, кои се покажале мироточиви, и бројните исцеленија што се случувале и по неговото упокојување, сведочат за големата благодат со која бил обдарен.
Свети Прохор Пчински се упокоил во 9 век и се преселил во Царството Небесно, оставајќи зад себе свет пример на вера, трпение и смиреност. Неговото име и денес се спомнува со голема почит, а многу верници со љубов се поклонуваат на неговите мошти, барајќи духовна утеха и исцеление.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

