10 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Свети Мојсеј Мурин, родум Етиопјанин, во младоста бил разбојник и водач на разбојничка дружина. Поради неговата силна телесна градба и безобѕирност, соработниците го избрале за старешина. Но со текот на времето во неговото срце се разбудиле грижа на совеста и покајание за сите злодела што ги извршил.
Мојсеј ја оставил својата дружина и се повлекол во манастир. Таму, под духовното раководство на својот старец и следејќи го манастирскиот типик, се предал на строга послушност, постојана молитва и телесен труд. Голема духовна корист добил од поуките на Светите Макариј, Арсениј и Исидор.
По одредено време се повлекол во келија на безмолвие, каде што се посветил на молитва, бдение и умно-духовен подвиг. Бил особено искушуван од демоните на блудот, но со совети од духовниот отец Исидор започнал со уште построг пост, непрестајна молитва и ноќно служење на браќата – носејќи им вода од бунарот. По шест години тежок подвиг, Свети Исидор со Божја благодат го ослободил од блудните помисли.
Со напредната возраст, Мојсеј бил ракоположен за свештеник и основал свој манастир, во кој собирал ученици. Неговата духовна мудрост и подвиг привлекле седумдесет и пет монаси, кои ги воспитувал во духот на Христовото Евангелие. Доживеал седумдесет и пет години, оставајќи зад себе длабока духовна трага.
Пред крајот на својот живот, Свети Мојсеј им претскажал на учениците дека варвари ќе нападнат на манастирот. Им наредил да бегаат, но тој решил да остане, зашто, како што рекол, „кој се фаќа за нож, од нож ќе загине“ (Матеј 26, 52). Со него останале уште шестмина монаси. Варварите навистина дошле и ги заклале. Еден брат што се сокрил набљудувал како седум светли венци се спуштиле врз седумтемина маченици.
Нема бесплатен влез во ЕУ – нови правила за патување, потребен и документ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден