21 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Денешниот празник – Рождество на Пресвета Богородица – е исполнет со голема радост и благодарност кон Бога. Пресветата Дева Марија се родила од своите остарени родители, Јоаким и Ана. Татко ѝ припаѓал на племето Давидово, а мајка ѝ на родот Аронов. Така, преку своето царско и архијерејско потекло, таа го предобразила Оној Кој ќе се роди од неа – Царот и Првосвештеникот Христос.
Иако Јоаким и Ана долго немале деца, тие со длабока вера и молитва Му се обраќале на Бога, молејќи за милост и дар. Господ ја услишал нивната молитва и им ја подарил не само ќерка, туку и Мајката Божја – извор на радост што ја надминува секоја човечка надеж. Богородица беше дар со кој нивната семејна радост прерасна во вечна радост за целиот човечки род.
Пресвета Марија се нарекува Благодатна и прославена меѓу жените, бидејќи таа е храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, кивот на светоста и извор на чистотата. Родена во Назарет, уште на тригодишна возраст беше одведена во Ерусалимскиот храм, каде што остана во молитва и посветеност. Подоцна се врати во својот роден град, за таму да ја чуе радосната благовест од Архангел Гавриил дека ќе го роди Спасителот на светот.
Со своето раѓање, Пресвета Богородица ја најавува новата ера на спасението. Денеска, Црквата се радува и слави, благодарејќи му на Бога за овој неизмерлив дар – раѓањето на Онаа која го роди нашиот Господ Исус Христос.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

