26 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Денес Православната Црква го празнува споменот на Светиот свештеномаченик Корнилиј стотникот – првиот незнабожец кој ѝ пристапил на Божјата Црква.
Корнилиј бил Римјанин и офицер во Кесарија Палестинска. Според сведоштвото во Делата на апостолите (10, 1), тој бил крстен од апостолот Петар по небесно откровение. Со тоа станал првиот од незнабошците што го примиле Христа, рушејќи ја дотогашната предрасуда дека Црквата е наменета само за Евреите и оние што го прифаќаат еврејското обрезание.
По крштевањето, свети Корнилиј сè оставил зад себе и тргнал по апостолот Петар. Апостолот подоцна го поставил за епископ и го испратил во незнабожечкиот град Скипсеосис.
Во Скипсеосис, свети Корнилиј поднел многу понижувања и маки заради Христа. Со Божја сила го урнал храмот на Аполон и успеал да го обрати кнезот Димитриј заедно со уште 277 незнабошци.
Кога Бог му открил дека му доаѓа крајот, светиот маченик ги собрал сите христијани, им дал совети, се помолил за нив и мирно се упокоил во чесна старост.
Со текот на времето, неговиот гроб бил заборавен и запуштен. Но светителот му се јавил на Троадскиот епископ Силуан и му открил каде почива, барајќи да му се подигне црква. Епископот ја извршил оваа задача со помош на богатиот граѓанин Евгениј.
Од моштите на Свети Корнилиј се случиле многубројни чуда, сведочејќи за неговата светост и сила на верата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден