08 септември 2025
• од Тодор Вангелов
Денес, 26 август (по стар стил), православните христијани се потсетуваат на еден од највпечатливите брачни примери на вера, храброст и љубов кон Бога – светите маченици Адријан и Наталија од Никомидија.
Тој беше висок римски службеник и незнабожец, таа – тајна христијанка. Живееле во брак само тринаесет месеци пред да се соочат со суровото време на царот Максимијан, кој безмилосно ги прогонувал христијаните.
Судбината на дваесет и тројца затворени христијани ќе го смени срцето на Адријан засекогаш. Гледајќи ги нивната тивка сила и трпение во маки, тој изговори зборови што останале запаметени низ вековите:
„Запиши го и моето име со светите, и јас сум христијанин.“
Кога слушнала за одлуката на својот сопруг, Наталија не се уплашила – напротив, со радост и солзи го поддржала, храбрејќи го до последен здив. По тешките маки и смртта на Адријан, таа ги пренела неговите мошти во Цариград. Наскоро, и таа сама Му го предала својот дух на Бога, повикана од својот сопруг кој ѝ се јавил во светлина.
Поуката од денешниот празник е јасна: вистинската љубов не се плаши од жртва, а вистинската вера носи слобода – дури и во синџири.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден