21 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Колку време му треба на човек да се врати во работна кондиција по одмор? Според психологот Добринка Горанова, периодот на повторна адаптација може да трае од три дена до една недела. Секој човек има различни механизми за справување, но постојат докажани техники кои значително можат да помогнат.
Горанова советува задачите да се организираат по временски интервали, со што се избегнува одложување и се олеснува враќањето во работен ритам. Еден од најголемите предизвици по одмор е раното станување. Затоа, се препорачува последните неколку дена од одморот да се станува еден час порано, а првиот работен ден да биде четврток или петок, за телото да има доволно време за прилагодување.
Како што е потребно време за да се адаптираме на работа, исто толку е потребно и за целосна адаптација на одмор. Затоа, една недела одмор често не е доволна. „Многу малку луѓе можат да си дозволат одмор од четири недели, а токму толку е потребно – три до четири недели – за човек навистина да се одмори и да се обнови“, вели Горанова.
Според психоложката, проблемот е што многу луѓе го користат времето од одмор за завршување на други лични обврски, а некои дури и тогаш одговараат на службени повици. Иако ова олеснува подоцнежна адаптација кон работа, целосно го укинува ефектот на одмор и релаксација.
Наместо гордост, понижување: Штип празнува јубилеј на клуб со окупаторско потекло
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден