30 април 2026
• од Темелко Тошев
Денешниот ден е посветен на споменот на Светиот свештеномаченик Симеон, епископ Персиски, кој заедно со илјадници други маченици, стана симбол на непоколебливата вера и пастирската љубов во времето на суровите прогони во IV век.
Во периодот на владеењето на персискиот цар Савориј (Сапор), христијаните биле подложени на страшни измачувања. Меѓу првите на удар бил епископот Симеон, заедно со неговите верни презвитери, Авделај и Ананија.
Нивната жртва инспирирала дури и оние кои на момент потлекнале. Царевиот евнух Устазан, кој првично се одрекол од Христа од страв, по прекорот на Свети Симеон, ја нашол својата храброст. Тој повторно ја исповедал вистинската вера пред царот и со радост ја прифатил маченичката смрт.
На денот на погубувањето, заедно со епископот Симеон, на губилиштето биле изведени уште илјада христијани. Свети Симеон покажал невидена духовна големина:
Кога презвитерот Ананија почувствувал човечки страв и затреперил пред трупецот, царевиот помошник Фусик, кој бил таен христијанин, извикал:
„Не плаши се, старецу, затвори ги очите и биди мажествен, за да ја видиш Божествената Светлина!“
По оваа исповед, Фусик и неговата ќерка, девицата Аскитреја, биле погубени во страшни маки. На крајот, откако го испратил целото свое „стадо“ во Царството Небесно, и Свети Симеон ја положил својата глава за Христа.
Мачеништвото продолжило и следната година. На Велики Петок, бил погубен омилениот царев евнух Азат, заедно со уште илјада верници. Смртта на Азат толку го погодила царот Савориј, што тој конечно наредил да престане масовното убивање на христијаните.
Сите овие свети маченици чесно пострадаа за Господа во периодот меѓу 341 и 344 година, оставајќи вечен пример за тоа како се љуби Бог и како се чува довереното стадо, дури и по цена на сопствениот живот.
За многу години празников!
Почина Тодор Гаджев, директорот на Институтот за бугарска емиграција во Гоце Делчев
Филипче: Со укинувањето на техничката влада, власта подготвува изборна кражба
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

