21 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На денешното судење против Сулејман Љамалари, обвинет за напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вработени во Град Скопје сведочеа дека наместо да спроведат вонреден инспекциски надзор, се нашле во ситуација со навреди, закани и физички напад.
Еден од сведоците изјави дека обвинетиот пристигнал на локацијата со електричен тротинет и директно ја нападнал Арсовска:
„Се замавна со лева рака и ја удри градоначалничката по лицето. Веднаш пријавив во полиција дека е нападната“, сведочеше вработениот.
Друг сведок нагласи дека тензијата ескалирала кога Љамалари, со вулгарни зборови и навреди кон службените лица и кон Арсовска, ја удрил градоначалничката пред присутните граѓани. „Настана турканица, страв и збунетост,“ додаде сведокот.
Обвинителството поднесе обвинителен предлог против Љамалари за кривично дело „насилство“. Според обвинението, на 11 јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, тој ја удрил Арсовска по лицето и раката, а потоа и со нога во пределот на левата потколеница.
Дури и по интервенцијата на униформираните полициски службеници, обвинетиот продолжил со закани и навреди.
Арсовска, заедно со овластени инспектори, била на терен по пријава за бесправно градење и нелегални приклучоци на водовод и струја. Тогаш обвинетиот им се доближил со агресивен став и физички ја нападнал градоначалничката.
Љамалари, пак, на претходното рочиште изјави дека е невин и дека тој бил жртва на напад, поради што и сам ја пријавил Арсовска за насилство.
Судењето продолжува за една недела, кога ќе бидат презентирани нови докази и сослушани дополнителни сведоци. Јавноста очекува судот да донесе јасна одлука за настанот кој предизвика големо внимание и реакции во јавноста.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден