19 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
За првпат, една жена со шамија е дел од листата на кандидати за советници во Општина Сарај од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Станува збор за Адeла Личина, Бошњачка од селото Љубин, Сарај, која претставува новост на локалната политичка сцена и симбол на поширока вклученост на жените и различните заедници во политичкиот живот на земјата, пренесува Алмакос.
Во својата изјава до граѓаните, Личина порача:
„Со чест и одговорност ја прифатив кандидатурата за советничка во Општина Сарај од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Оваа кандидатура за мене не е само чест, туку и обврска – обврска да го продолжиме започнатото и да докажеме дека Сарај заслужува повеќе.“
Личина нагласува дека ќе биде глас на сите граѓани, независно од нивното место на живеење. Таа ветува дека ќе се залага за подобрување на животните услови, поголеми инвестиции, развој на инфраструктурата, напредок во образованието и создавање нови можности за младите.
„Нашата цел е јасна – да изградиме модерна и просперитетна општина, каде секој граѓанин ќе се чувствува еднаков и почитуван. Ве повикувам заедно да го донесеме промената што ја заслужуваме. Со вашата поддршка, ќе изградиме подобра иднина за Сарај. Заедно победуваме!“, истакна Личина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

