29 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
На партиски митинг во Куманово, шефот на штабот на коалицијата ВЛЕН, Аднан Азизи, изнесе остри критики кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Азизи изјави дека во периодот кога Ахмети бил назначен за командант во време на конфликтот, тој „седум недели се криел и не учествувал во борбите“. Според него, заслугите што денеска му се припишуваат на Ахмети се всушност заслуги на други луѓе кои директно учествувале во воените дејствија.
„Али Ахмети си припиша туѓи заслуги, тој нема вистинска врска со војната,“ рече Азизи, обвинувајќи го лидерот на ДУИ дека политичката кариера ја изградил врз измислени и присвоени заслуги.
Со оваа изјава, Азизи ја засили реториката на коалицијата ВЛЕН против ДУИ, во обид да се претстави како алтернатива на партијата која повеќе од две децении има доминантно влијание во албанскиот политички блок во Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

