02 февруари 2025
• од Гоце Кически
Општина Аеродром, некогаш позната како најчистата и најзелена во Скопје, денес изгледа како огромна дива депонија. Под раководство на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска и Дејан Митески, општината тоне во нечистотија, а уште појасно е тоа што проблемот со отпадот станува се поголем и потешко управлив.
Уште од нивното влегување на власт, ситуацијата со одржувањето на јавните површини се влоши. Преполните корпи за џебен отпад стануваат секојдневна појава, и тоа не само во големите улици, туку и во поголемите населби како Стар Аеродром, кои одамна не се исчистени. Ѓубре кое стои на секој чекор, па дури и кабаст отпад оставен на зелените површини, создава слика која не заслужуваат жителите на оваа општина.
Јавните површини меѓу зградите, каде некогаш се играле деца, сега се преполни со отпад што не е собирано со месеци. Граѓаните на Аеродром, кои секојдневно упатуваат апели за редовно чистење, бараат одговорност од градоначалниците и сега се прашуваат: има ли воопшто некој кој ќе се погрижи за хигиената во оваа општина?
Арсовска и Митески го добија својот мандат на ветувањето дека Аеродром ќе остане најчистата и најубавата општина во Скопје. Ветуваа реорганизација на службите за одржување на хигиената, како еден од нивните топ приоритети. Но, во последните три години, оваа општина изгледа како да се оставена на заборав, а не на соодветно внимание.
Се чини дека проблемот со отпадот не е само прашање на неорганизираност, туку и на апсолутно игнорирање на потребите на жителите. Преполните контејнери во Стар Аеродром, но и околу трговските центри како Скопјанка, Три Бисери, Бисер, Капитол и Лиса, се честа појава. Овие области, со зголемена фреквенција на движење, не само што се непривлечни за живеење, туку и потенцијално опасни за здравјето на граѓаните.
Граѓаните на Аеродром се прашуваат: имаат ли воопшто градоначалници? Каде се ветувањата за чиста и уредена општина?
Денес, Аеродром не е она што беше, и за тоа најголемата одговорност ја носат Арсовска и Митески. Време е за сериозни промени во одржувањето на хигиената и создавање на услови за живот достојни за оваа општина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

