24 јуни 2025
• од Гоце Кически
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET) денес повика на брз напредок во уставните измени и спроведувањето на реформи поврзани со европската интеграција на Северна Македонија.
Во извештајот усвоен денес со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 воздржани, европратениците ја поздравија посветеноста на Северна Македонија на европскиот пат и побараа од властите во Скопје да направат конкретни чекори кон зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Извештајот нагласува дека успехот на интеграцискиот процес зависи од политичката волја и постигнувањето на широк консензус за уставните измени, кои би го зајакнале мултиетничкиот карактер на земјата и ќе го забрзаат процесот на приближување кон ЕУ.
Особено загрижувачки се негативните трендови во борбата против корупцијата на високо ниво и намалувањето на довербата на јавноста во судството, при што се бара поголема независност на правосудните органи, зголемена одговорност и соодветни ресурси за надзорните тела.
Европратениците изразија и загриженост поради политичката поларизација која претставува пречка за реформите, апелирајќи за прекупартиска соработка и инклузивна ревизија на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ и Венецијанската комисија.
Комитетот истакна дека Северна Македонија мора да преземе мерки против штетните странски влијанија, посебно од Русија и Кина, како и да се справи со заканите од дезинформации и нетранспарентните финансиски текови.
Извештајот наскоро ќе биде ставен на гласање на пленарна седница на Европскиот парламент.