21 април 2025
• од Вардарски
Претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, категорично ги демантира шпекулациите за наводно повлекување од коалицијата „Влен“. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Гаши јасно порача дека останува дел од коалицијата и верен на довербата што му ја дале граѓаните на парламентарните избори одржани на 8 мај 2024 година.
„Како пратеник во републичкото Собрание останувам лојален на гласачите кои ме избраа. Африм Гаши е член на Алтернатива и продолжува да делува во рамките на коалицијата Влен. Како претседател на Собранието, се трудам да бидам еднаков кон сите пратеници и пратенички групи, бидејќи тоа е моја уставна обврска и должност,“ напиша Гаши.
Оваа изјава доаѓа во време на внатрешни несогласувања во коалицијата, особено по последните тензии меѓу лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, и останатите коалициски партнери.
И покрај тие разлики, од коалицијата „Влен“ најавуваат нова фаза во нивното политичко дејствување – трансформација во единствена политичка партија. Како што соопшти лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, од следната недела започнува процедурата за официјално обединување на партиите во рамки на коалицијата.
„Новата политичка партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, кандидати и програма, како и обединети листи на советници на претстојните локални избори,“ изјави Меџити во интервју за емисијата „ПодГо“ на Телеграфи Македонија.
Со овие чекори, „Влен“ испраќа порака на политичка стабилност и визија за поединствено и поефикасно претставување на албанскиот политички блок во земјата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

