27 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Американската амбасадорка во С. Македонија, Анџела Агелер, изрази целосна увереност дека се работи на прашањето за уставните измени, кои се клучни за понатамошниот напредок на земјата кон членството во Европската унија. Во своето гостување на ТВ21, Агелер нагласи дека иако процесот е сложен, има значајни напори за негово започнување.
„Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени“, изјави Агелер, истакнувајќи дека преговорите се во тек, иако самата амбасадорка не учествува во нив. Таа посочи дека на високо ниво се водат разговори, особено во Брисел и во други европски престолнини, кои ќе помогнат да се откочи процесот за членство на Македонија во Европската унија.
Амбасадорката ја отфрли тврдењата на некои критичари дека Владата не презема конкретни активности за уставните измени. „Не верувам во таквите тврдења“, рече таа, додавајќи дека е охрабрена од активностите кои се преземаат за започнување на процесот.
Агелер исто така го изрази својот став за состојбата во правосудниот систем во Македонија. Според неа, ситуацијата во судството не е задоволителна и потребни се конкретни активности за подобрување. Таа апелираше на помалку зборување од страна на премиерот Христијан Мицкоски и повеќе акција во рамките на судството, што е од суштинско значење за подобрување на правната држава и почитување на владеењето на правото.
„Не ми се допаѓа состојбата во судството, и се надевам дека ќе видиме помалку зборување, а повеќе дејствување“, додаде Агелер.
Ова интервју со американската амбасадорка ја потврдува посветеноста на Македонија да го започне процесот на интеграција во Европската унија, преку исполнување на условите за уставни измени и реформи во правосудството.
Дали становите во Скопје вредат толку? За истите пари може да купиш остров!
Европскиот парламент побара забрана за социјални мрежи за тинејџери под 16 години
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

