14 август 2026
• од Темелко Тошев
Секој што се обидува да ги уништи албанскиот јазик и правичната застапеност треба да ги држи рацете подалеку од Охридскиот договор, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на дебатата по повод 25 години од Рамковниот договор.
Ахмети истакна дека не треба да се прибегнува кон фолклор и емоции, туку секој треба да размислува и да работи на тоа како да се живее во мир, стабилност и безбедност. Тој нагласи дека заедничкиот интерес треба да биде напредокот и интеграцијата на земјата во Европската Унија.
Лидерот на ДУИ потенцираше дека ја сака Македонија затоа што е негова земја, земја на неговите баба, дедо, прабаба и прадедо.
„Ја сакам Македонија, господине Бучковски, колку што ја сакате и вие, ова е мојата земја, мојот дедо, прадедо, баба и прабаба се тука, колку што ја сака Бранко Црвенковски, колку што ја сака Христијан Мицкоски. Затоа, подалеку од Охридскиот договор, кој и да се обидува да го уништи албанскиот јазик, да ја уништи правичната и соодветната застапеност“, изјави Ахмети.
Тој додаде дека достигнувањата со Охридскиот договор се гарантирани од САД, ЕУ и НАТО, и дека за нив се работело заедно 20 години. Ахмети посочи дека со Рамковниот договор не победиле само Албанците, туку победила и македонската нација. Овие пораки тој ги упати од панел-дискусијата на која како говорник учествуваше и поранешниот премиер Владо Бучковски.
Бугарија освои четири медали на Меѓународната олимпијада по информатика во Ташкент
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

