13 август 2026
• од Темелко Тошев
Политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон клучните државни договори доживува целосна трансформација штом стратешките цели ќе станат реалност, а придобивките од нив ќе почнат да се користат. На ова укажува Џелал Хоџиќ, анализирајќи ја актуелната политичка состојба и реториката на партијата во однос на евроатлантските интеграции на земјата.
Според Хоџиќ, неопходно е да се согледа посебниот контекст на дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ, кое од позиција на опозиција своевремено се обиде да го спречи влегувањето на Северна Македонија во НАТО преку жестоко противење на Преспанскиот договор. Тој повлекува директна паралела помеѓу тогашната кампања и денешното противење кон францускиот предлог, со кој, според него, се попречува патот на државата кон Европската Унија.
И во двата случаи, како што посочува тој, јавноста е сведок на идентична пропаганда – дека се загрозува идентитетот на етничките Македонци.
„Таа реторика, ако се потсетите во тој дел со НАТО, беше ‘северџии’. Се тврдеше дека Преспанскиот договор задира во идентитетот. Дека промената на името задира во идентитетот. Но, гледаме дека во тој дел сега е напуштена таа реторика и нормално ги користат бенефитите од членството во НАТО“, истакнува Хоџиќ.
Тој додава дека политичкиот парадокс оди дотаму што денес претставници на истата таа политичка опција знаат да го посочат Преспанскиот договор во позитивно светло.
„Дури има моменти каде што знаат и да го пофалат Преспанскиот договор како добар пример, иако направија сè за тој да не успее“, потсетува Хоџиќ.
Овој ретроспективен осврт, заклучува тој, е клучен за да се разбере дека и актуелната блокада на евроинтегративниот процес се базира на истата матрица на креирање страв кај граѓаните. Матрица која, како што покажува искуството со членството во НАТО, тивко се напушта штом процесот ќе заврши и ќе почнат да се уживаат придобивките од истиот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

