TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Ахмети: Албанија и Македонија да иницираат ревизија на европската резолуција за УЧК

08 август 2025

• од Станча Јаќимовски

На 7 август 2025 година во Приштина, лидерот на ДУИ и еден од основачите на Ослободителната војска на Косово (УЧК), Али Ахмети, јавно побара од Република Албанија и од Република Северна Македонија, како членки на Советот на Европа, да иницираат преиспитување на Резолуцијата на Советот од 2011 година. Таа резолуција, според него, е неправедна и лажно ги обвинила борците на УЧК за трговија со човечки органи – обвинение врз кое се заснова и формирањето на Специјалниот суд во Хаг, пред кој денес се суди на поранешните лидери на УЧК.

Ахмети овој повик го упати на протестниот митинг организиран од Организацијата на воени ветерани на косовската УЧК, извикувајќи „УЧК, УЧК!“ и нарекувајќи ја УЧК „гордост на Албанците“. Но, ваквиот настап на Ахмети, во светло на актуелните европски притисоци за реактивирање на македонските „Хашки случаи“, отвора сериозни дилеми за мотивите зад неговиот говор.

Советот на Европа бара судење и за македонските случаи

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, во јануари 2024 година испрати официјално писмо до македонската влада со препорака да се поништи автентичното толкување на Законот за амнестија од 2011 година, со што би се овозможило повторно судење за четирите хашки случаи од 2001 година – „Мавровски работници“, „Водство на ОНА“, „Непроштено“ и „Липковска брана“. Според Меѓународната заедница, овие случаи мора да бидат повторно процесирани за да се задоволи правдата за воените злосторства во Македонија.

Токму овие четири предмети беа првично вратени од Хашкиот трибунал за процесирање во македонското правосудство, но беа затворени врз основа на Законот за амнестија. Ако автентичното толкување биде укинато – како што бара Советот на Европа – овие случаи може да бидат реактивирани, а токму Али Ахмети се појавува како потенцијален обвинет, имајќи предвид неговата улога како „врховен командант“ на македонската УЧК (ОНА).

Обид за дефанзива?

Во оваа конотација, барањето на Ахмети во Приштина за преиспитување на Резолуцијата од 2011 година може да се интерпретира како дел од поширока стратегија за сопствена политичка и правна заштита. Ахмети потенцираше дека судењата во Хаг се „едностранчи“ и дека „ја искривуваат историјата“, обвинувајќи го Специјалниот суд за игнорирање на наводните злосторства на српската страна.

Но, не треба да се заборави изјавата на адвокатот Том Гаши од 2020 година, кој тогаш предвиде дека и Ахмети би можел да се најде на обвинителна клупа во Хаг. Тоа сценарио денес изгледа сѐ пореално, особено доколку македонските институции ги следат препораките на Советот на Европа.

Политика, судови и минато

Во својата говорничка реторика, Ахмети често ја истакнува својата борба како дел од „ослободителното движење“ и ја нагласува улогата на УЧК не само во Косово, туку и во подобрувањето на позицијата на Албанците во Македонија. Но, политичкиот романтизам не ги менува фактите – судските процеси за воени злосторства се предмет на меѓународна обврска, а не на национална гордост.

Прашањето останува отворено: дали повикот на Ахмети за „преиспитување на резолуцијата“ е навистина насочен кон заштита на историската вистина, или претставува проактивен обид да се избегне сопствена кривична одговорност? Ако Хашките случаи се реактивираат, македонското правосудство ќе биде под лупа – а со тоа и имињата кои се директно поврзани со тие настани.

Иронично, истата резолуција што Ахмети денес ја оспорува, може да послужи како основа и за негова истрага – не за трговија со органи, туку за наводни злосторства на територијата на Македонија.

Заклучок

Ахмети денес се појави во Приштина како политички симбол на УЧК, но утре би можел да се најде во сосема поинаква улога – како обвинет за настани кои одамна чекаат правна разрешница. Реакцијата на Советот на Европа, заедно со потенцијалното укинување на заштитата што му ја дава автентичното толкување на Законот за амнестија, го ставаат Ахмети во позиција каде неговата иднина можеби повеќе зависи од судски одлуки отколку од политички митинзи.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега