13 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска учествуваше на протестниот собир што се одржа во Скопје, на кој граѓаните изразија поддршка за поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Протестот беше организиран од Организацијата на ветераните.
Во своето обраќање пред присутните, Ахмети им се заблагодари на Соединетите Американски Држави, Европа и НАТО за поддршката што ѝ ја дадоа на ОВК, нагласувајќи дека токму таа меѓународна поддршка била клучна за запирање на геноцидот врз косовскиот народ.
„Денес сме собрани на плоштадот ‘Скендербег’, историско место за границите на Европа, со цел да не дозволиме нејзино поробување. Се наоѓаме во близина на места каде што дејствувале истакнати личности на нашиот народ, како Хасан Приштина, Пјетер Богдани и Неџат Аголи. Хасан Приштина беше убиен за слободата на народот, Пјетер Богдани ѝ подари знаење и европска филозофија на нашата нација, додека Неџат Аголи беше стрелан од режимот поради неговото барање за слобода, правда и еднаквост“, изјави Ахмети.
Тој истакна дека меѓународната поддршка била од суштинско значење за успехот на ослободителната борба.
„Америка, НАТО и Европа – ви благодариме што филозофијата и делото на најголемите личности на нашиот народ ги поддржавте преку Ослободителната војска на Косово, со што беше запрен геноцидот врз косовскиот народ“, порача Ахмети на крајот од својот говор.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

