03 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на 17 октомври – последниот ден од изборната кампања – ќе присуствува на големиот општонароден протест во Тирана, организиран од здруженијата произлезени од војната на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
ДУИ денеска информираше дека Ахмети ги откажал сите предвидени партиски активности за да се приклучи на протестот, кој ќе се одржи на плоштадот „Скендербеј“ во главниот град на Албанија, со почеток во 17:00 часот. Настанот се одржува под мотото: „Правда за ослободителите, против неправдата во Хаг“.
Ахмети, кој веќе беше присутен на протестите во Приштина, како еден од основачите на ОВК ја прифатил поканата на организаторите и ќе биде дел од протестот во Тирана.
Во соопштението, ДУИ нагласува дека војната на албанскиот народ предводена од ОВК била праведна, неопходна и поддржана од демократскиот, западен и слободољубив свет.
„Правдата за албанскиот народ не може да се гради врз политички процеси наметнати од Русија, ниту врз ‘докази’ фабрикувани од Србија“, порачаа од партијата.
ДУИ дополнително истакнува дека претседателот Али Ахмети е неразделен дел од борбата за слобода и дека токму затоа силно го поддржува протестот свикан од организациите произлезени од ОВК, откажувајќи ги сите изборни активности.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден