07 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
На митингот на коалицијата Алијанса за Интеграција (АКИ) во Боговиње, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, остро се осврна на влијанието на премиерот Христијан Мицковски во општините со албанско мнозинство.
Во своето обраќање, Ахмети изјави дека Мицковски активно ги поддржува независните кандидати во неколку општини каде што доминира албанското население.
„Мицковски ги поддржува независните кандидати. Во Струга кандидатот е Христијан, во Тетово е Христијан, во Чаир е Христијан. Тој работи повеќе отколку тие“, рече Ахмети.
Со оваа изјава, лидерот на ДУИ укажа дека премиерот е директно инволвиран во изборните процеси на локално ниво, дури и во општини каде што традиционално доминираат албански партии.
Ахмети ги повика граѓаните да гласаат според своите убедувања, но притоа остро ја критикуваше коалицијата ВЛЕН, сугерирајќи дека поддршката од други етнички заедници не треба да биде пресудна за избор на градоначалник во претежно албански општини.
„Како може градоначалникот на Тетово да биде избран ако гласовите ѝ припаѓаат на другата заедница“, истакна тој.
Во завршницата на говорот, Ахмети упати повик за единство меѓу Албанците, потенцирајќи дека локалните избори се клучен чекор кон развој, стабилност и напредок на албанските заедници во Македонија.
„Мораме да бидеме посветени на нашите интереси, на нашата иднина и на напредокот на нашите општини“, порача Ахмети.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден