TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Ахмети реизбран за претседател на ДУИ, Адеми нов генерален секретар, Османи останува потпретседател

21 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

Али Ахмети повторно ја доби довербата да ја води Демократската унија за интеграција (ДУИ), откако на денешниот 5. партиски конгрес беше реизбран за претседател на партијата. Ахмети беше единствениот кандидат за највисоката партиска функција и, според информации на ТВ Сител, добил поддршка од 737 делегати.

Одлуките за новото раководство на ДУИ, која во моментов се наоѓа во опозиција, беа донесени на затворениот дел од конгресот, каде што се избираа генерален секретар и потпретседатели. Дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, неофицијално објавија дека и во новиот состав на раководството доминираат добро познати кадри, со одредени кадровски рокади.

За нов генерален секретар е избран Арбер Адеми, кој досега ја извршуваше функцијата потпретседател на партијата. Досегашниот генерален секретар Фатон Ахмети ќе продолжи да делува како еден од потпретседателите на ДУИ.

Функцијата потпретседател ја задржува и Бујар Османи, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на општина Чаир, но загуби од Изет Меџити од коалицијата ВЛЕН. За потпретседатели на партијата се избрани и Еркан Арифи, Арбана Пашоли и Арта Биљали-Зендели.

Новиот организациски секретар на ДУИ ќе биде Неби Реџепи, поранешен државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, додека Арбеша Влаши е именувана за секретар за еднакви можности, објави ТВ 24.

Во своето обраќање на почетокот на конгресот, кое траеше повеќе од 20 минути, Ахмети истакна дека унитарната држава се зајакнува само доколку сите граѓани се чувствуваат вистински претставени и активно вклучени во процесите на одлучување.

Во таа насока, тој предложи три клучни мерки кои, според него, обезбедуваат фер застапеност, функционална еднаквост и социјална кохезија, во духот на Охридскиот мировен договор. Како прва мерка, Ахмети предложи изборот на Владата да се врши со двојно мнозинство во Собранието – покрај апсолутното мнозинство, да биде потребно и Бадентерово мнозинство, односно поддршка од мнозинството пратеници од немнозинските заедници.

Според Ахмети, ова би обезбедило Владата да има двоен легитимитет и да биде вистински репрезентативна за сите етнички заедници. Тој додаде дека Бадентеровиот принцип треба да се применува и во Уставниот суд, така што законите донесени со двојно мнозинство да не можат да бидат поништени без соодветно двојно мнозинство и меѓу судиите.

Како трета точка, лидерот на ДУИ побара продлабочување на процесот на децентрализација и јакнење на локалната самоуправа, што, како што рече, има за цел да го консолидира единството на државата.

Ахмети нагласи дека на државата ѝ е потребен нов историски национален договор.

„Нашите граѓани бараат повеќе, нашите деца заслужуваат повеќе. Дојде време за нов историски договор – договор не за опстанок, туку за напредок. Националниот договор за напредок е морална обврска и ветување кон нашите деца, визија за земја во која соништата се остварливи, а достоинството загарантирано“, порача Ахмети.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Жерновски до Мицкоски: Ако ветувавте враќање на името, зошто не го направите тоа сега?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Клиника за психијатрија: Над 40 проценти од граѓаните имаат проблеми со сонот

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Филипче: Постојат сомнежи дека системот „Safe City“ штити лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Трендафилов: Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има општ штрајк

СВЕТ
07 март 2026

Атанас Атанасов предлага Бугарија да се приклучи кон францускиот „нуклеарен чадор“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Села, Азири и Даути ја поддржаа иницијативата правосудниот испит да се полага и на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Возачи, внимание: Суспензијата на возачката дозвола започнува по вториот СМС

СВЕТ
07 март 2026

Високобрзински возови во Бугарија: Софија – Варна за 2 часа?

МАКЕДОНИЈА
07 март 2026

Нафтата се очекува да „експлодира“: Што ја очекува Северна Македонија?

ДРУГО
07 март 2026

Денес се одбележува наоѓањето на моштите на многубројните маченици во Евгенија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Реза Пахлави: Иранскиот режим ги напаѓа соседните земји

СВЕТ
06 март 2026

Поради кризата во Иран, ЕУ состаноците во Кипар ќе се одржат онлајн

СВЕТ
06 март 2026

Баку: Иран планирал напади врз четири цели во Азербејџан

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Му кажа ли Мицкоски на Руте дека ќе го врати името на државата?

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Еди Рама до децата од Битола: Чувајте го албанскиот јазик каде и да живеете

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Ниту три минимални плати не се доволни за преживување во еден месец

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Без грижа: Државата уверува дека има доволно залихи на нафта

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Скопјанец пукал кон сопругата и се заканувал на ќерките – полицијата го приведе

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Вајц: Северна Македонија не може повторно да преговара за Бугарите во Уставот

СВЕТ
06 март 2026

Патниците повторно летаат од Дубаи по затворањето на небото

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Најмалку 20% од студентите по медицина ќе бидат обврзани да работат во Бугарија

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Бугарија реагира по новиот вандализам врз бугарскиот клуб “Иван Михајлов“ во Битола

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

СВЕТ
06 март 2026

Во голема евакуациска операција Бугарија веќе извлече стотици свои државјани од Блискиот Исток

СВЕТ
06 март 2026

Бугарија шеста по економски раст во Европската Унија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
06 март 2026

Доналд Џ. Трамп: Нема договор со Иран освен безусловна капитулација

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Трендафилов: На 14 март повторно на улица – протест за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
06 март 2026

Филипче: Работниците едвај преживуваат, а власта им порачува да не одат на одмор

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега