29 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Настанот започна со скандирања „УЧК, УЧК“ и видео-проекции со сцени од војната во 2001 година, што ја постави емотивната атмосфера за говорите кои следуваа.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, искористи дел од своето обраќање за директна критика кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го обвини дека со своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и внесува опасни поделби во македонското општество.
„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајци“, порача Ахмети.
Со оваа метафорична порака, Ахмети се претстави себеси и својата партија како „орли“ кои не влегуваат во мали борби, туку летаат високо и имаат поголеми цели. Наспроти тоа, тој го стави Мицкоски во улога на оној кој се служи со „кучиња“, односно со помошници и средства за напад, но без сила да се соочи со вистински противник.
Ахмети порача дека ваквите изјави и политики на Мицкоски само ја засилуваат мобилизацијата кај Албанците и го зацврстуваат обединувачкиот дух во нивните редови. Тој нагласи дека борбата не е за ситни прашања, туку за достоинство, рамноправност и визија за иднината на државата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

