22 април 2025
• од Вардарски
Осомничениот во случајот за „Перење пари и други приноси од казниво дело“, Ѓоко Јахоски, би можел да премине од активен во куќен притвор, но само под еден клучен услов – да депонира 72 милиони денари на посебна сметка на судот.
Ова произлегува од мислењето на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, доставено по предлогот на Јахоски за укинување на мерката притвор и нејзина замена со гаранција во недвижен имот.
Обвинителството наведува дека предложената гаранција – недвижен имот проценет на 60.672.235 денари – може да се прифати само ако истовремено се депонира и дополнителен паричен износ од 72 милиони денари. Овој износ, според обвинителството, одговара на вкупната противправно стекната имотна корист, од која во понатамошната постапка би можело да се подмири евентуално оштетно побарување.
Дополнително, обвинителот бара и определување на мерки на претпазливост:
Обвинителството ја базира оваа позиција и на фактот дека голем дел од материјалните и вербалните докази веќе се обезбедени, со што ризикот од влијание врз постапката е значително намален.
Само доколку се исполнат сите овие услови, обвинителството ќе го поддржи укинувањето на притворот и неговата замена со куќен притвор под гаранција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

