21 април 2025
• од Вардарски
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вкупно 617 вонредни контроли ширум земјата воoчи велигденските празници, со цел да се провери безбедноста на храната која се пушта во промет. Во текот на контролите, откриени се сериозни неправилности кај повеќе оператори со храна.
Од АХВ информираат дека кај 16 оператори биле утврдени незадоволителни хигиенски услови и несоодветни технички услови во објектите. Дополнително, четворица од нив не ги имале спроведено задолжителните здравствени прегледи на вработените или поседувале санитарни книшки со истечен рок на важност.
Исто така, пет оператори не биле регистрирани во Агенцијата како правни субјекти кои ракуваат со храна, а кај осум биле најдени производи кои не биле соодветно означени, што претставува ризик за здравјето на потрошувачите.
Поради утврдените неправилности, издадени се 44 решенија за отстранување на недостатоците, како и 30 парични казни со вкупен износ од 25.400 евра во денарска противвредност. Најтешкиот случај се однесува на уништување на 1.740 килограми храна, која била прогласена за небезбедна и соодветно отстранета од промет.
АХВ апелира до сите оператори со храна да ги почитуваат законските регулативи и да обезбедат максимална хигиена и безбедност, особено во периоди кога потрошувачката значително се зголемува.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

