13 мај 2025
• од Вардарски
На 12 мај 2025 година, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад спроведоа засилени акциски контроли во шумските подрачја над неколку села во Дебарскиот регион, како и на поширокото подрачје на граничниот појас и зелената граница со Република Албанија.
При контролата, во близина на селото Дренок биле пронајдени две товарни моторни возила натоварени со вкупно 22 метри кубни огревно буково дрво, како и една работна машина користена за пробивање на шумски патишта. Дополнително, на теренот биле откриени околу 200 метри кубни бесправно исечени букови дрва, подготвени за товарање и транспорт, сите без соодветна правна документација.
Акцијата е извршена во координација со Јавното обвинителство, Јавното претпријатие „Национални шуми“, Шумската полиција и надлежниот инспекторат. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена кривична пријава за сторено дело „пустошење на шуми“.
Оваа акција претставува дел од континуираните напори за заштита на шумските ресурси и сузбивање на бесправната сеча во пограничните и руралните области.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

