25 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од Тетово испрати силна порака до премиерот Христјан Мицкоски. Во своето обраќање, Ахмети предупреди дека доколку Северна Македонија не продолжи по европскиот пат, граѓаните ќе бидат приморани да бараат други решенија за својата иднина.
Ахмети изјави дека доколку земјата не стане дел од Европската Унија, „некои ќе се приклучат кон Албанија, а некои кон Бугарија“. Според него, ова е реална опасност ако државата остане надвор од европските интеграции, бидејќи граѓаните ќе се ориентираат кон земји кои веќе се дел од Унијата.
Во својата порака, Ахмети апелираше до политичките лидери да не ја хранат јавноста со омраза и поделби.
„Не ги хранете со омраза нашите сограѓани, бидејќи не се Албанците кои ја земаат државата, ниту Албанија, ниту Бугарија. И Албанија и Бугарија се во ЕУ, а ние каде ќе бидеме?“, истакна тој.
Ахмети уште еднаш нагласи дека членството во Европската Унија е единствената гаранција за стабилност, развој и безбедност на Северна Македонија. Според него, секое одлагање или блокада во овој процес може да создаде сериозни последици за иднината на државата и за нејзините граѓани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

