13 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
По Тирана и Приштина, и Скопје се приклучи на заедничкиот глас за слобода и правда, застанувајќи во поддршка на барањето за ослободување на поранешните припадници на УЧК. Ова го изјави лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, преку јавно обраќање.
Ахмети нагласи дека Албанците, каде и да се наоѓаат, зборувале едногласно, оценувајќи го овој момент како јасен политички и национален повик за правда.
„Албанците зборуваа со еден глас: време е нашите момчиња да се вратат дома. Во името на народот, нашите момчиња се невини и нашата борба беше чиста“, изјави Ахмети.
Според него, борбата на Ослободителната војска на Косово била праведна и света, истакнувајќи дека таа претставува заеднички напор на сите Албанци, без разлика на возраста или полот.
„Борбата на УЧК е света и затоа сите – мажи и жени, млади и стари – сме УЧК“, порача лидерот на ДУИ.
На крајот од својата реакција, Ахмети им оддаде почит на паднатите борци на нацијата низ децениите и вековите, нагласувајќи го континуитетот на албанскиот идентитет и отпор.
„Слава на хероите на нацијата и вечна да е албанштината“, заклучи тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

