06 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Денот 17 октомври 2025 година ќе влезе во историјата како еден од најзначајните датуми на големите национални говори на лидерот на народот, татковината и нацијата – Али Ахмети. По говорите во Приштина и Скопје, легендарниот борец и политички визионер ќе се обрати на плоштадот „Скендербег“ во срцето на Тирана.
Ова ќе биде првпат во неговата богата и бурна политичка и национално-ослободителна историја, Али Ахмети да одржи говор на централниот плоштад во Тирана. Настанот се очекува да собере илјадници граѓани кои ќе имаат ретка можност да го слушнат говорот на човекот што остави длабоки траги во современата историја на албанскиот народ.
Али Ахмети, познат како непоколеблив борец за слобода и достоинство, ќе зборува пред граѓаните на Тирана како еден од основачите и идеолозите на неколку националноослободителни движења: УЧК во Косово, УЧПМБ во Прешево и УЧК во Северна Македонија. Тој, како командант на Генералштабот на Ослободителната национална армија и основач на Демократската унија за интеграција (ДУИ), ќе ја сподели својата визија за иднината на албанската нација и нејзиното место во европското семејство.
По говорот во Скопје на 21 април 2024 година и оној во Приштина на 7 август 2025 година, каде што неговиот глас одекна во одбрана на УЧК, Али Ахмети продолжува со својата мисија на национално единство. Настапот во Тирана ќе претставува кулминација на неговата долга политичка и патриотска кариера.
Тирана ќе го пречека со раширени раце својот „Почесен граѓанин“ – титула што му е доделена на Али Ахмети како признание за неговиот придонес во националното прашање и за промовирањето на албанското единство. Граѓаните на Тирана ќе имаат можност да бидат дел од историски настан кој, како што велат организаторите, „ќе остане запишан со златни букви во историјата“.
Историјата ќе го запомни 17 октомври 2025 година како ден кога Али Ахмети – борецот, политичарот и визионерот – ќе се обрати од Тирана во одбрана на идеалите на слободата, достоинството и националното единство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

