10 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Алијансата за интеграција вечерва одржа митинг во селото Долнени, каде што лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, упати порака за единство и предупреди на опасностите од националистичката реторика.
Во своето обраќање, Ахмети истакна дека Охридскиот рамковен договор претставува темел на мултиетничката држава, мирот и стабилноста во земјата.
„Често ги слушам македонските политичари како зборуваат за национализам. Јас велам, треба да бидеме обединети – Албанци, Турци, Бошњаци, Роми – за да ја зачуваме Охридската спогодба, институциите што нè поврзуваат и правата на секоја заедница,“ порача Ахмети.
Лидерот на ДУИ предупреди дека секоја обид за поткопување на Охридскиот договор претставува закана за иднината на сите заедници, не само за Албанците.
„Овој договор ја внесе Македонија во НАТО и ја постави на патот кон Европската унија. Кој го напаѓа овој договор, не ја сака државата, ниту мирот,“ додаде Ахмети.
Ахмети заврши со апел за разум и соработка меѓу сите етнички заедници, нагласувајќи дека само преку заедништво и почитување на договорените принципи може да се гарантира стабилна и просперитетна иднина за земјата.
Почина 16-годишникот кој со мотоцикл удри во џипот на пратеникот од Левица
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден