15 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
На митингот одржан на централниот плоштад во Кичево, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со силен тон зборуваше за меѓуетничкото соживување и правата на заедниците, посебно нагласувајќи ја улогата на турската заедница.
„Еден апел до нашите турски браќа: не гледајте кон Исток, гледајте овде. Во Кичево, турскиот јазик е службен. И јас лично ја ставив потписот за тоа, пред сите советници“, истакна Ахмети, додавајќи дека за време на мандатот на актуелниот градоначалник Фатмир Дехари, не се случил ниту еден меѓуетнички инцидент.
Ахмети ја пофали работата на градоначалникот Дехари и ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за него, како чин на доверба и континуитет во еднаквоста и правдата за сите.
„Кичево е заедничко. Направете споредба – како беше пред 2013 година и како е денес. На 19 октомври се гласа за иднината“, порача Ахмети на крајот од својот говор.
Филипче: Оваа влада не ги решава проблемите на граѓаните, туку ги игнорира
Скршена од болка: Сопругата на Панчо од „ДНК“ се прости со емотивна порака
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден