11 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
На големиот митинг на Алијансата за национална интеграција одржан во Липково, лидерот Али Ахмети испрати силна и директна порака до оние кои, според него, ја заборавиле жртвата и славната историја на албанскиот народ.
„Имаат страв да се гордеат со достигнувањата на УЧК (ОВК). Ние не сакаме минатото да ни се повтори, затоа што сме страдале многу. Тие што се израснати со ‘бисквити’, нека размислат добро!“ – изјави Ахмети, алудирајќи со остар тон на некои актери од актуелната политичка сцена.
Ахмети нагласи дека Алијансата за национална интеграција никогаш нема да ја заборави историјата, жртвата и корените од кои произлегла борбата за слобода и еднаквост. Тој потенцираше дека младите кои растат без историска свест не можат со достоинство да ја водат иднината на Албанците.
Пораката на Ахмети беше пречекана со овции и силна поддршка од присутните, што уште еднаш потврди дека поддршката за неговата партија расте, особено во општините кои се симбол на отпорот, како што е Липково.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден